Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода гради атмосферска канализација и на ул. “Фредерик Шопен”

И улицата “Фредерик Шопен” во населба Бирарија ќе добие атмосферска канализација. Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ денес изврши увид во градежните активности на фирмата ДГТУ “АДРА ДООЕЛ” од Скопје, која на оваа локација ќе работи во наредниот месец.

 

 Се поставуваат полипропиленски цевки во должина од 353 метри. Долж трасата на колекторот предвидено е поставување на ревизиони шахти со полипропиленски качувалки, а ќе се постават и сливници. По завршување на монтажните работи, делот од улицата каде што се вршени градежните работи ќе биде асфалтиран.

За време на увидот, градоначалникот Беличанец-Алексиќ, поразговара со неколку жители со адреса на оваа улица, кои излегоа да ја поздрават и да се информираат за текот на градежните активности кои се одвиваат на оваа локација.

65 годишниот Раде Здравески кој тука живее од 1986-тата ја изрази својата благодарност за се што е досега сработено.

-Многу сум задоволен од она што за нас го прави градоначалникот Беличанец-Алексиќ и општина Кисела Вода. Прво ни го решија проблемот со уличното осветлување, а сега ќе добиеме и атмосферска канализација-изјави Здравески, додавајќи дека се надева дека ваквата успешна соработка меѓу граѓаните и локалната самоуправа ќе продолжи.  

 Изградбата на атмосферска канализација на улицата “Фредерик Шопен” е инвестиција на општина Кисела Вода во вредност од околу 5 милиони денари. Истата треба да помогне во надминување на проблемот со одведување на атмосферските води од овој дел на општината, што директно ќе го почувствуваат околу 700 жители кои живеат во близина.

 

Споделете:

Scroll to Top