По завршената тендерска постапка избрана е фирмата која ќе работи на изработка на Урбанистички План за селото Драчево, за што општина Кисела Вода аплицираше и доби финансиски средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој.
Продолжувајќи ја досегашната политика на транспарентно работење, оваа локална самоуправа ги повикува сите граѓани кои имаат во сопственост имот во селото Драчево и сите заинтересирани инвеститори да дадат свои предлози и со тоа да учествуваат во изработката на Урбанистичкиот План. Истото, можат да го направат од утре, до крајот на следната седмица, во архивата на општина Кисела Вода, oд 09 до 15 часот, по што општината ќе може да ги разгледа предлозите и добрите решенија кои ги задоволуваат Законот за просторно и урбанистичко планирање и параметрите од Правилникот за просторно и урбанистичко планирање, да ги вклопи во Урбанистичкиот План за селото Драчево.