Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода потпиша документ “Антикорупциска политика-политика на интегритет”

Државната комисија за спречување на корупцијата и Општина Кисела Вода потпишаа официјален документ за соработка. Актот кој претставува систем мерки за борба против корупцијата, во просториите на ДКСК го потпиша градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ.

 Со неговото потпишување, оваа локална самоуправа ја изразува својата поддршка за водењето на антикорупциска политика, како политика на интегритет. Истиот дава насоки за продолжување на активностите кои општина Кисела Вода во континуитет ги презема за спречување на коруптивното однесување, за продолжување на совесното, професионално, одговорно и етичко однесување на вработените во општиснската администрација, во насока на спроведување на политиката на чување на инегритетот на општината. 

 

Документот се потпишува на иницијатива на УНДП, ЗЕЛС и ДКСК, coцел да се промовира важноста на интегритетот, отчетноста, транспарентноста нa локално ниво.

Споделете:

Scroll to Top