Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода потпиша Меморандум за соработка со Коалиција на младински организации “СЕГА”

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес потпиша Меморандум за соработка со Коалицијата на младински организации СЕГА, во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, поддржан од Европската Унија.

-Водејќи се од нашата примарна и најважна задача како локална самоуправа, а тоа е унапредување на квалитетот на услугите за граѓаните, ги користиме сите методи за да ги имплементираме барањата и да одговориме на потребите на сите категории на лица, вклучително и на младите. Како градоначалник, сметам дека е доста полезна вклученоста на младите лица во активностите на Општина Кисела Вода, како што се изготвувањето на Програмите за работа, креирањето на буџетите кои секоја општина ги има определено за активностите на младите, како и за сите прашања кои нив ги засегаат. Давањето на глас на младите лица не само што е наша законска обврска, туку ни овозможува преку имплементирање на нивните идеи да носиме  одлуки кои ќе бидат комплетни и во целост ќе одговорат на потребите на засегнатите страни. Денес потпишаниот Меморандум со Коалицијата на младински организации СЕГА, ќе ни помогне во тие заложби, посебно што веќе со одлука но Советот на Општина Кисела Вода ни е оформен локалниот младински совет кој ќе им советодавна улога и во целост ќе им даде глас на младите лица од овој дел на градот Скопје-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на средбата.

Во рамки на соработката, Коалиција СЕГА обезбедува поддршка за подготовка на Локална Стратегија за млади на општина Кисела Вода, во согласност со Законот за младинско учество и младински политики. СЕГА исто така, ќе придонесе кон ефективно функционирање и јакнење на капацитети на Локалниот Младински Совет во Општина Кисела Вода како функционален модел за младинско учество во локалната заедница.

-Општина Кисела Вода е четвртата општина која што покажа грижа за младите, применувајќи ги одредбите кои произлегуваат од Законот за младинско учество и младински политики. Општината ќе започне процес на креирање на локална стратегија за млади која ќе придонесе кон подобрување на општата благосостојба и квалитет на животот на младите во заедницата. Во оваа прилика сакаме да ги потсетиме сите Градоначалници дека нивна должност е да пристапат кон креирање на стратегии за млади како и воспоставување на локални младински совети со цел да овозможат поголемо учество на младите во локалната заедница, изјави Зоран Илиески, Извршен директор на Коалиција на младински организации СЕГА.

Споделете:

Scroll to Top