Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода ќе гради атмосферска канализација на улицата “Боро Камчевски”

Ќе се гради атмосферска канализација на улицата “Боро Камчевски”во општина Кисела Вода. Следната недела започнуваат градежните активности во населбата Бирарија, за што се ангажирани екипите на фирмата изведувач ДГТУ “АДРА ДООЕЛ” од  Скопје.

 

Тие во наредните два месеци ќе  работат на поставување на полипропиленски цевки во вкупна должина од 194 метри. Исто така, предвидено е и поставување на сливници, а по завршување на монтажните работи улицата ќе биде поплочена со бехатон плочки. Оваа активност е дел од континуираните заложби на општина Кисела Вода за подобрување на условите за живеење на сите свои жители. Конкретно, новата атмосферска канализација, ќе го реши проблемот со одведувањето на атмосферските води на околу 400 жители кои живеат во близина. За истата, општина Кисела Вода од својот буџет издвои 2700 000денари.

Споделете:

Scroll to Top