Search
Close this search box.

Основците со помош на сообраќајци на пешачките премини во општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода во соработка со ПСОН Кисела Вода започна проект за подобрување на безбедноста на учениците во основните училишта. Пред започнувањето на наставата, сообраќајци и претставници од училиштата им помагаат на помладите основци кои ги минуваат пешачките премини што водат до училиштето.

 

На овој начин, се подигнува нивото на безбедност, се зголемува свесноста околу почитувањето на сообраќајните правила, прописи и сообраќајните знаци, а се олеснува и одвивањето на сообраќајот. Засилените мерки и активности на полициските службеници и општина Кисела Вода за контрола на сообраќајот во близина на основните училишта ќе се одвиват во континутет се до завршувањето на учебната година.

 

 

Споделете:

Scroll to Top