Search
Close this search box.

Повторно Соседска патрола низ општина Кисела Вода

Нова соседска патрола низ општина Кисела Вода. Претставници на локалната самоуправа, на месните заедници, локалното население, претставници Полициската станица од општа надлежност-Кисела Вода, на Одделението за превенција при СВР Скопје , синоќа беа во обиколка на повеќе локации низ општината каде што има собирање на млади во доцните часови, места каде што има евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир и зачестени кривични дела.

Со цел зголемување на сигурноста и безбедноста на граѓаните во нивните населени места, посетени беа повеќе паркови, напуштени објекти, автобуски станици… Обиколка и едукација на лицата кои таму беа затекнати, околу законските правила и прописи за превенција од ситуации кои можат да доведат до посериозни нарушувања на јавниот ред и мир и безбедноста на жителите на ова подрачје, се направи на паркот Шопен, повеќенаменското детско игралиште во УЗ 11 Октомври-Згради, градинката “Кокиче”, ОУ “Невена Георгиева Дуња”, урбаната заедница 11 Октомври -Бараки, игралиштето покрај трим патеката во овој дел од општината, трговскиот центар, паркот Пушкин, автобуски станици,Теферич, Пинтија …

Проектот “Соседска патрола”, кој неодамна беше промовиран од страна на министерот за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, како превентивна активност, има за цел секој во своето населено место да може да даде свој придонес кон зголемување на безбедноста и намалување на кривичните дела и нарушувањата на јавниот ред и мир.

Ова не е прва ваква соседска патрола низ општина Кисела Вода. Претходно, веќе беа изведени и на подрачјето на полициската станица  Кисела Вода и на подрачјето на полициската станица Драчево. А заедничките патроли на заинтересираните граѓани заедно со претставниците на локалната самоуправа и полицијата ќе продолжат и во наредниот период.

 

 

Споделете:

Scroll to Top