Search
Close this search box.

Подрачното одделение на Управата за водење на матични книги од Драчево, префрлено во општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода известува дека подрачното одделение на Управата за водење на матични книги при Министерството за правда, која досега функционираше во Домот на култура во Драчево, е префрлено во општина Кисела Вода.

 Лицата кои имаат потреба услугите на Управата како што се пријавување на брак и издавање на извод од матична книга на венчани, склучување на брак, лицата кои се од подрачјето на населба Драчево и околните села, а имаат потреба од упис на новороденче и издавање на извод од матична книга на родени, пријавување на починато лице и издавање на извод од матична книга на умрени, истите услуги може да ги добијат во Барака 4 во општина Кисела Вода.

Работното време е од 09 до 14 часот.

Споделете:

Scroll to Top