Search
Close this search box.

Поправени детските игралишта во општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода изврши замена и поправка на оштетените реквизити на детските игралишта. По извршениот увид на состојбата на теренот, во изминатиот месец, се работеше на репарирање на детските игралишта на повеќе локации ширум општината.

 

Фирмата изведувач “29 Ноември” изврши реконструктивни зафати кои опфатија поправка на на искршените клацкалки, лулашки, реквизити за детска забава кои несовесни граѓани ги уништиле и ги направиле неупотребливи.

Дел од уништените детски реквизити беа поправени, дел заменети со целосно нови. Се работеше на игралиштата на улиците “Киро Фетак”  и “Бранко Заревски” во населба Драчево, игралиштето на сред село во с. Драчево, во населбата Усје, игралиштето “Детски сон” во населба Пинтија, игралиштето “Славија” во населба Пржино, трите игралишта во парк “Македонија”, во 11 Октомври-Бараки, просторот за детска игра на улица “Кавалска”, детското игралиште во ОУ “Кузман Јосифовски- Питу”, поправени се и клупите и оградата на манастир Еремија, како и оградата на спортско игралиште на Теферич.

По извршените реконструктивни зафати, игралиштата подготвени и безбедни, ги очекуваат најмладите жители на општината кои слободното време најмногу го минуваат во овие детски катчиња.За оваа намена, од општинскиот буџет се издвоени средства во висина од 350.000,00 денари  денари, сума во која беше опфатено и репарирање на јавните чешми.

Општина Кисела Вода уште еднаш апелира за совесно однесување и зачувување на урбаната опрема која има за цел подобрување на ликот на овој дел од градот и обезбедување на квалитетни содржини со кои жителите можат да го исполнат слободното време.

Споделете:

Scroll to Top