Search
Close this search box.

Поставена нова урбана опрема во општина Кисела Вода

Нови урбани катчиња за одмор добија жителите на општина Кисела Вода.

 На три локации, во населбата 11 Октомври-згради, поставени се летниковци со вградени клупи и масички кои на жителите на овој дел од градот ќе им понудат засолниште од летното сонце и простор каде ќе можат да се дружат и забавуваат.

На просторот помеѓу ул. “Ѓорѓи Сугаре“ и бул.„Борис Трајковски“, помеѓу ул.„Никола Добровиќ“ зграда бр.3 и бул.„Борис Трајковски” , до ул.„Народни Херои“ во близина на зграда бр.21 , фирмата Урбано ЕЛ ДООЕЛ,  постави летниковци што имаат шестоаголна форма и површина од околу 14 квадратни метри.

 

 

Градежните активности беа обврска на фирмата Пелагонија АД Гостивар.  Во насока на подобрување на естетскиот лик на просторот и разубавувањето на секојдневието на граѓаните кои живеат во близина или тука поминуваат дел од своето слободно време, на скверот помеѓу ул. „Трајко Иванов“ и бул.„Борис Трајковски“, општина Кисела Вода постави и локомотива со вагончиња со цветен аранжман.

 

За поставувањето на оваа урбана опрема, општина Кисела Вода, од својот буџет издвои околу 1 800 000 денари.

 

Споделете:

Scroll to Top