​Продолжува проектот „Итно копче“ во општина Кисела Вода

Сите 40 досегашни корисници од општина Кисела Вода продолжуваат да ја добиваат услугата „Итно копче“ во своите домови. Оваа поддршка за највозрасните жители континуирано се реализира во соработка со Црвениот крст. Денеска, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со претставник на Црвениот крст, беше во домовите на Нада Костова и Љубица Ѓорѓиоски, кои од 2024 година се дел од корисниците на овој уред.Услугата „Итно копче“ ја користат лица над 65 години, на кои им е достапна помош во домот од 20 лиценцирани негователи. Преку уредот се нуди 24/7 поддршка секогаш кога корисникот ќе се најде во состојба за која е потребна итност. Обучените лица се грижат за нивната добросостојба, нудејќи прва помош и прва психолошка помош. Во случаите кога тоа е неопходно, услугата вклучува и транспорт до соодветната здравствена установа со посебни возила.

За непречено функционирање на системот, на корисниците им е обезбедена дневна техничка поддршка на аларм-уредите, како и бесплатно одржување на уредот во случај на технички дефект.-Општина Кисела Вода ја продолжува услугата “Итно копче”, со што сите 40 досегашни корисници и понатаму ќе ја добиваат неопходната поддршка. Денеска бев во домовите на госпоѓа Нада и госпоѓа Љубица за лично да поразговарам со нив за нивното секојдневие и за тоа колку овој систем им значи за нивната сигурност. Нашата цел е повозрасните жители да имаат спокојна старост, знаејќи дека преку нашата соработка со Црвениот крст, во секој момент имаат на располагање стручен тим од 20 лиценцирани негователи кои се подготвени да реагираат- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Споделете:

Scroll to Top
hititbet
norabahis
norabahis
hititbet
hititbet
kingroyal
kingroyal
betplay
betpark
betpark
betpark
betgaranti
betpark
betgaranti
betpark
betgaranti
betgaranti
marsbahis
imajbet
imajbet
imajbet
imajbet
imajbet
imajbet
marsbahis
marsbahis
betyap
betyap
norabahis
holiganbet
hititbet
betpark
betpark
betpark
betgaranti
betgaranti
xslot
xslot
marsbahis
marsbahis
marsbahis
marsbahis
xslot
norabahis
norabahis
maritbet
maritbet
pusulabet
pusulabet
lunabet
betpark