Search
Close this search box.

Реконструкција на тротоарите и изградба на паркинг простор на “Иван Козаров”

Општина Кисела Вода отпочна со реконструкција на тротоарите и изградба на паркинг простор на улицата “Иван Козаров” до спојот со улицата “Божидар Аџија”. Иако еднонасочна, се работи за една од најфреквентните улици на која се одвива интензивен сообраќај и на која, со оглед на фактот што води кон средното економско училиште, секојдневно поминуваат голем број на пешаци.

 

На терен се екипите на градежната фирма “Урбан Десинг” ДООЕЛ Скопје кои до средината на септември треба да завршат со поставување на павер елементи на подлога од песок и тампон, од двете страни на коловозот. Вкупната квадратура на тротоарите ќе изнесува 1725м2.

Коловозот на улицата “Иван Козаров” беше реконструиран во 2010 година. Тогаш стариот асфалт беше комплетно отстранет и заменет со нов, се уредија сливниците за собирање на атмосферските води, а беа сменети и оштетените рабници. Градежните зафати кои општина Кисела Вода во моментов ги изведува, треба да обезбедат побезбедно движење на пешаците, но и безбедно паркирање на возилата. Имено, паралелно со реконструкцијата на тротоарите, се изведува и паркинг простор за подолжно паркирање, кој ќе биде со должина од 67м и ширина од 2м.

Дополнително, во наредна фаза, овој простор ќе биде и хортикултурно уреден.

Општина Кисела Вода за реализација на овие активности од својот буџет издвои 2 310 000 денари.

Воедно, би сакале да апелираме до сите граѓани кои живеат на оваа улица или во близина, за нивно трпение и разбирање додека траат градежните зафати. Сепак, се работи за проект кој има за цел подобрување на условите за живеење на сите жители на општината, а посебно на оние кои тука живеат и секојдневно сообраќаат по оваа улица.

Споделете:

Scroll to Top