Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи дваесеттата и петтата пленарна седница 14.07.2023 година (петок ) со почеток во 11:00 часот со следниот дневен ред:
-Усвојување на Записникот од 23-та пленарна седница
-Усвојување на Записникот од 24-та пленарна седница
1. Давање на позитивно мислење на Статутарната одлука за усвојување и донесување на Статутот на ООУ „Кузман Jосифовски Питу“ – Општина Кисела Вода, Скопје;
2. Давање на позитивно мислење на Статутарната одлука за измена и дополнување на Статутот на ООУ „Партенија Зографски“ – Општина Кисела Вода, Скопје;
3. Давање согласност на Годишниот план за вработување за 2024 година на О.О.У.,,Кузман Јосифовски-Питу,,;
4. Давање согласност на Годишниот план за вработување за 2024 година на О.О.У.,,Партенија Зографски,,;
5. Давање согласност на Годишниот план за вработување за 2024 година на О.О.У.,,Невена Георгиева-Дуња,,;
6. Давање согласност на Годишниот план за вработување за 2024 година на O.О.У.,,Кузман Шапкарев,,;
7. Давање согласност на Годишниот план за вработување за 2024 година на O.О.У.,,Рајко Жинзифов,, -н.Драчево;
8. Давање согласност на Годишниот план за вработување за 2024 година на O.О.У.,,Св. Климент Охридски,, с.Драчево;
9. Давање согласност на Годишниот план за вработување за 2024 година на O.О.У.,,Круме Кепески,,;
10. Давање согласност на Годишниот план за вработување за 2024 година на O.О.У.,,Кирил Пејчиновиќ,,;
11. Предлог – Одлука за субвенционирање на дел од трошоците на граѓаните на територија на Општина Кисела Вода за купување на дрва за огрев;
12. Предлог – Одлука за прифаќање на донација – Проект за доградба на објектот на клон КОКИЧЕ при ЈДГ „Весели Цветови“ на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
13. Предлог – Одлука за давање согласност за отстапување на дејноста згрижување на деца на објектот „Зеленика„ кој дејноста ја извршува во други просторни услови во ООУ „Марко Цепенков„ на територијата на Општина Зелениково;
14. Давање согласност на Статутот на Јавно комунално претпријатие КИСЕЛА ВОДА 2022 СКОПЈЕ;
15. Предлог – Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка за вршење определени работи помеѓу Општина Кисела Вода и Општина Гази Баба;
16. Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2023 година;
17. Советнички прашања;
Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.