Search
Close this search box.

Со два концерта вечерва се затвора “Три круши 2014”

 Вечерва, со два концерта, се затвора културното лето на општина Кисела Вода “Три круши 2014”,  кое во изминатиот месец се одвиваше на истоимената локација. Во 20 часот и 30 минути концерт ќе одржи Миле Кузмановски со неговите тамбураши, а веднаш по него настапуваат КУД “Китка” од Драчево и нивните гости, пензионерите-фолклористи, членови на општинскиот Црвен Крст Кисела Вода-Скопје.

Споделете:

Scroll to Top