Два одлични, масовно посетени концерти за затворање на “Три круши 2014”

Со два концерта, првиот на Миле Кузмановски, и вториот на КУД “Китка” со нивните гости – пензионерите фолклористи од општинскиот Црвен крст на Кисела Вода, синоќа свечено беше затворено културното лето “Три круши 2014”, кое во изминатиот месец се одвиваше на истоимената локација во селото Драчево.

Со вечерашниот избор на изведувачи, уште еднаш се потврди заложбата на организаторот на манифестацијата, општина Кисела Вода, предводена од градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ, за презентирање и афирмирање на квалитет, естетика и следење на желбите на граѓаните, со чии сугестии беше креирана целокупната програма која беше прикажана пред публиката-назначи во своето обраќање пред присутните Светлана Аџи-Гогова, раководител на Одделението за култура при општината.

 

-За сево ова беспрекорно да функционира, се грижеше еден голем тим на луѓе, предводен од градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ. Се погриживме петочните и саботните вечери во кои ги распоредивме настаните да ви минат во најдобро расположение, да ви бидат интересни, исполнети и да ви останат во убаво сеќавање. Се погриживме на оваа иста сцена да го имате најдоброто од македонската музика, театар, филм, уметност… Се погриживме да уживате во она што вие го баравте и сакате. Колку сме успеале во тоа, ќе судите вие, а ние, веќе од утре, заедно со вас, започнуваме со плановите и подготовките на следното јубилејно, 10то по ред културно лето “Три круши”- подвлече Аџи Гогова.

Концертот на Миле Кузмановски, чие име во македонската, пред се’, народна музика, значи изграден идентитет и квалитетен музички избор, започна во 20 часот и 30 минути. Повеќе од еден час, публиката која го исполни целиот простор на овој верско-рекреативен локалитет, играше и пееше на сите негови хитови, но и  на оние добро познати македонски поп евергрини, кои Кузмановски на сцена ги донесе совршено.

Аплаузите не стивнуваа и кога на сцена, по него, излегоа играорците од КУД “Китка”, од Драчево. Ова Културно Уметничкото Друштво, минатата година прослави 45 години од своето постоење, за време на кои, преку своите кореографски постановки, бројните настапи ширум светот и многуте награди кои ги има освоено, прерасна во вистински амбасадор на Македонија.

Во нивната програма има уживано публиката од поранешна Југославија, од Соединетите Американски Држави, од Италија, Турција, Украина, Швајцарија, Полска, Романија, Бугарија, а синоќа успешно ја остварија најтешката задача која секој уметник ја има пред себе. Да биде успешен и најдобар, пред своите. Драчевчани не ги штедеа аплаузите за одличните изведби на “Драчевка”, “Источна”, “Пајдушкото”, “Тропнало оро”…

 

Одлично прифатени од посетителите беа и гостите на КУД “Китка”, пензионерите фолклористи од општинскиот Црвен крст на Кисела Вода. Преку своите песни и игри, оваа фолклорна група даде свој придонес во афирмацијата на македонското фолклорно наследство и му даде свој печат на свеченото затворање на оваа манифестација.

9тото по ред културното лето ” Три круши 2014”, организирано од страна на општина Кисела вода, ќе остане запаметено како квалитетно и масовно посетено. Од отворањето на 27 јуни, па се до синоќа, на истата сцена, се појави низа од истакнати уметници од повеќе сфери на културното живеење.

Пред публика која го исполнуваше просторот до последното место концерти одржаа Ѓоко Танески, Сузана Спасовска, “Академци”, ансамблот “Македонска душа” предводен од Зоран Џорлев, ансамблот “Македонија”, Елена Георгиева , Анастасија Петреска, Владимир Попоски, Големиот Народен окестар, оркестарот “Чалгии” и оркестарот нa народни инструменти при МРТ, се прикажа филмот “Трето полувреме”, театарската претстава “Женски приказни” на театарот “Пампур”, а синоќа се уживаше и во концертите на Миле Кузмановски и КУД “Китка”.

Споделете:

Scroll to Top
hititbet
Betgaranti
betgaranti
kolaybet
hititbet
hititbet güncel giriş
hititbet
vdcasino
vdcasino
hititbet
hititbet
hitit üniversitesi
Hititbet
hititbet
Hititbet Giriş
hititbet
hititbet
hititbet
hititbet
hititbet
hititbet
tuzla cilt bakım
Tuzla İpek Kirpik
Tuzla Güzellik Merkezi
hititbet
hititbet giriş
hititbet güncel giriş
hititbet giriş adresi 2026
Hititbet news
setrabet
Tuzla Cilt Bakım
Tuzla İpek Kirpik
hititbet
hititbet
betgaranti
kralbet
kralbet
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betgaranti
betgaranti
artemisbet
artemisbet
betyap
norabahis
hititbet
Tuzla Cilt Bakım
betyap
norabahis
norabahis
norabahis
Hititbet
medusabahis
betyap
betmoon
betmoon
betyap
kingroyal
lunabet
lunabet
Tuzla Cilt Bakım
Tuzla Cilt Bakım Merkezi
Tuzla İpek Kirpik
betpark
kingroyal
kingroyal
betpark
solobet
betpark
betpark
kralbet
betpark
betpark
betgaranti
betpark
betpark
betpark
betgaranti
kralbet
hititbet
hititbet
hititbet
hititbet
betpark
betpark
betpark
betgaranti
betpark
betpark
artemisbet
artemisbet
betgaranti
kralbet
kralbet
kralbet
hititbet
hititbet
kralbet
kralbet
kralbet
betyap
betyap
betyap
betyap
betyap