Search
Close this search box.

Тимовите на Катастарот утре во Драчево

Општина Кисела Вода, би сакала да ги информира и потсети жителите на Драчево дека по нивно барање, Агенцијата за катастар на недвижности, во соработка со општината, утре, петок, 27.03.2015, во Месната заедница во населба Драчево на 27.03.2015 (петок) ќе одржи нови “Oтворени денови на Катастарот”.

Во просториите на Месната заедница Драчево, од 09:00 до 17:00 часот,  ќе бидат сместени десет стручни тимови од Агенцијата за катастар на недвижности кои ќе имаат за цел да им излезат во пресрет на граѓаните и да ги надминат нејаснотиите во врска со нивните имоти.
 Сите заитересирани граѓани од Драчево може да закажат на следниве телефонски броеви 02/3097-337 и 02/3097-300. 

Споделете:

Scroll to Top