Општина Кисела Вода и Општинскиот совет за превенција од детско престапништво ги покануваат сите родители, деца, наставници и стручни вработени во училиштата на трибина посветена на менталното здравје и превенцијата од меѓуврсничко насилство.
Настанот ќе се одржи на 8 октомври, четврток, со почеток во 18:00 часот во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода, под мотото „Слушни, препознај, поддржи“, Ве повикуваме заеднички да придонесеме за посреќни деца, безбедно општество и подобра иднина, бидејќи навременото препознавање, разговорот и поддршката се важен дел од превенцијата.
На трибината ќе зборуваат: Дора Попова Узуновски, психолог, психотерапевт, кариерен советник и асистент на МИТ универзитетот, Мито Тасевски, психолог и психотерапевт кој работи како училишен психолог во ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“, Сашо Андонов, советник во Советот на општина Кисела Вода и наставник во ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, како и Катерина Стојкова, главен инспектор за превенција по ЈРМ во Одделението за превенција при СВР Скопје. Ве очекуваме!


