Унгарскиот амбасадор Ласло Иштван Дукс во посета на Општина Кисела Вода

Амбасадорот на Унгарија во Македонија, неговата екселенција Ласло Дукс со делагација од Амбасадата и Здружението на на Унгарците во Македонија, денес беа гости на градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски.

Во кабинетот на градоначалникот беше дискутирано за можностите за продлабочување на, и онака добрата, соработка што унгарската држава ја има со оваа Општина. Имено, Општина Кисела Вода е единствената општина во Скопје во која една улица е именувана по големиот унгарски поет и револуционер Шандор Петефи, а таму е поставена и негова спомен плакета.

 На оваа локација секоја година во рамки на одбележување на Националниот ден на Унгарците, 15 Март, Општина Кисела Вода заедно со  Амбасадата на Унгарија во Македонија и Здружението на на Унгарците во Македонија одржува пригодна свеченост. Оваа година, Амбасадорот Дукс и градоначалникот Темелковски се договорија, покрај другите случувања, да има и литературен конкурс за основците од повисоките одделенија од училиштата во Општина Кисела Вода кои ќе творат на теми поврзани со животот и делото на Шандор Петефи и за Унгарската револуција од 1848 година. Двајцата првонаградени ученици како награда ќе добијат посета на Унгарија, организирана преку Амбасадата и Здружението на на Унгарците во Македонија.

На средбата, од двете страни се изрази и подготвеност за подобрување на економската соработка со Унгарија. Од страна на градоначалникот беа презентирани економските потенцијали на Општината, беше кажано дека во фаза на формирање е Советот на стопанственици од Кисела Вода кој треба да овозможи подобро функционирање на деловните субјекти, за што секако би значела соработката со компании од Унгарија. Воедно, се дискутирше и за можностите за остварување на партнерство и со други локални самоуправи од Унгарија како и други форми на соработка во насока на зближувањето на двата народа, унгарскиот и македонскиот.

Споделете:

Scroll to Top
holiganbet
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
holiganbet
holiganbet
holiganbet
bettilt
betpark
klasbahis
klasbahis
holiganbet
imajbet
holiganbet
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
bettilt
betpark
casinolevant
casinolevant
Casinolevant
casinolevant
casinolevant
casinolevant
vaycasino
betpark
betpark
vaycasino
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betyap
vaycasino
betpark
betpark
betyap
grandpashabet
betpark