Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид во почетокот во градежните активности за санација на улицата “Емил Зола” со краци.
Триесетина години на ова место не се вршени никакви реконструктивни зафати иако се работи за фреквентна улица, лоцирана во јадрото на Кисела Вода. Со санацијата ќе бидат опфатени и паркинзите на оваа улица, а ќе биде изведен и нов паркинг простор. Сумарно, се работи за градежен зафат на површина од оклолу 2800 квадратни метри.
-Денес се наоѓаме во урбаната заедница Цветан Димов, на улицата “Емил Зола” која е видно оштетена. На нејзина санација се чекаше речиси три децении, што е недозволиво бидејќи оваа собраќајница во своето секојдневие ја користат неколку илјади луѓе. Со реконструкција ќе ги опфатиме и “Емил Зола” и двата крака, како и двата постечки паркинзи. Градиме и нов паркинг простор, со што го подобруваме и сообраќајот во мирување-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.