Search
Close this search box.

Шах: МЗ Бирарија го презеде приматот на табелата

Шаховската лига  помеѓу месните заедници , во организација на општината Кисела Вода, чиј покровител е градоначалничката Билјана Беличанец Алексиќ, од коло во коло добива во квалитет. Во големата општинска сала, на програмата беше третиот натпреварувачки ден, каде се одиграа петото и шестото коло. Со две победи во двете кола, шахистите на МЗ Бирарија го запоседнаа лидерското место на табелата, со вкупно освоени десет бодови.

Овојпат, МЗ Бирарија славеше над МЗ Драчевo (с) со 3 ½ : ½, додека во шестото коло, МЗ Бирарија  ја матира МЗ Пржино со 3:1.  Досегашниот лидер, МЗ Пинтија  во петото коло  доживеа пораз  од екипата на МЗ 11 Октомври (згради) со 3:1, додека, во следното коло, впечатокот го поправи во средбата со МЗ Драчево (с), победувајќи со 3 ½ : 1/2 . На табелата, МЗ Бирарија е второпласирана со 9 бода исто колку што има и МЗ Кисела Вода на третото место. Четвртиот натпреварувачки ден е закажан за 14-ти ноември (петок), во чиј термин, од 10 часот во големата општинска сала предвидено е да се играат седмото и осмото  коло

Петто коло

МЗ К.Вода – МЗ 11 Октомври (бараки) 2 ½ : 1 ½

 МЗ Драчево (нас) – МЗ Пржино  0:4

МЗ Црниче  -Општина К. Вода 2:2

МЗ 11Октомври (згради) – МЗ Пинтија  – 3:1

 

Шестто коло

МЗ Драчево (нас) – МЗ 11-ти Октомври (бараки) 1 ½ : 3 ½

МЗ Црниче  – – МЗ К.Вода 2:2

МЗ Бирарија – МЗ Пржино 3:1

МЗ Пинтија  – Мз Драчево (село) –3 ½ : ½

              Табела:

  1. МЗ Бирарија                  10
  2. МЗ Пинтија                     9
  3. МЗ К.Вода                      9
  4. МЗ Пржино                    7
  5. МЗ  Драчево (с)             6
  6. МЗ 11 Октомври (б)       5
  7. МЗ 11 Октомври (з)       4             
  8. ОКВ                              4
  9. МЗ Црниче                     3
  10. МЗ Драчево (н)               3

Споделете:

Scroll to Top