Search
Close this search box.

Шах: МЗ Пржино – шампион !?

Шаховската лига помеѓу месните заедници, за сезоната 2014/2015 година – заврши. Шахистите од  МЗ Пржино се први шампиони на ова натпреварување во организација на општината  и кое во иднина ќе прерасне во традиционално. Во финалето на плеј-офот, МЗ Пржино ја совлада екипата на МЗ Бирарија со 2 ½: 1½. Победи за шампионите забележаа Ристовски на третата табла во средбата со Котевски и Спировски на четвртата табла во дуелот со Јовчев.

 Реми заврши средбата  на втората табла помеѓу Тодоровски и Ивановски, додека единствениот цел поен за МЗ Бирарија, првопласираниот тим  во реагуларниот дел на  лигата, освои Каратрајков  во мечот со Рилковски.  Со идентичен резултат, во борбата за третото место МЗ Пинтија славеше над МЗ Драчево (с). Овде, победи за МЗ Пинтија извојуваа Маневски на првата табла во средбата со Станковски и Кочовски на четвртата табла во дуелот со Гулабовски.

Единствениот цел поен за Драчевци го освои Поповски на втората табла во средбата со Ангелковски, додека на третата табла  Вангеловски и Демировски ремизираа. Интересно е дека  во разигрувањето, двете полуфиналните средби, МЗ Пржино во средбата со МЗ Пинтија и МЗ Бирарија во средбата со МЗ Драчево (с)  завршија нерешено 2:2.  Според правилата, МЗ Пржино и МЗ Бирарија обезбедија финале на плеј-офот  благодарејќи на  подобриот успех на првата табла. Според,  спортската програма на одделението за спорт,  предвидено е по велигденските празници да се одигра поединечното првенство.

Финале: МЗ Пржино – МЗ Бирарија  2 ½: 1½. 

Натпревар за трето место: МЗ Пинтија  –  МЗ Драчево (с) 2 ½: 1½. 

Полуфинални средби: МЗ Пржино – МЗ Драчево 2:2, МЗ Бирарија  : МЗ Пинтија  2:2.

 

Конечна табела:

1.МЗ Пржино

2.МЗ Бирарија

3:МЗ Пинтија

4.МЗ Драчево (с)     

Споделете:

Scroll to Top