Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска и министерот Николоски: увид во реконструкција на улицата „Лазар Димитров“ и најавено решение за Теферич

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменковска, и вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денес беа на увид во финализацијата на проектот за реконструкција на улицата „Лазар Димитров“ во населбата 11 Октомври – Бараки. Улицата е во должина од 800 метри, а проектот е во вредност од 3,6 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за транспорт. Сообраќајницата е комплетно реконструирана, при што останува уште да се постави хоризонталната и вертикалната сигнализација.

Нагласувајќи го континуитетот во развојот на општината и успешната синергија со централната власт, градоначалничката Стаменковска Трајкоска истакна:

Денес вршиме увид во завршните работни активности на улицата „Лазар Димитров“ овде во населбата 11 Октомври. Со задоволство сакам да истакнам дека во рамките на проектот „Локални патишта“ и преку соработката со Министерството за транспорт, во Општина Кисела Вода се реализираат бројни реконструкции кои се од суштинско значење за граѓаните. Подобрената патна инфраструктура не само што го олеснува секојдневното функционирање, туку крупните инфраструктурни проекти претставуваат и основа за локален економски развој и поддршка на бизнис-секторот. Оваа реализација е вистински доказ за успешната соработка помеѓу централната и локалната власт, насочена исклучиво кон потребите на граѓаните. Со гордост можам да потврдам дека сме на одличен пат да го задржиме развојниот континуитет започнат од мојот претходник, Орце Ѓорѓиевски. Во изминатиот период, во соработка со Министерството за транспорт, работиме на дваесетина проекти, реконструираме бројни сообраќајници кои се од витално значење за сите населби. Дополнително, со забрзана динамика се реконструираат месните заедници во Пинтија и Драчево. Улицата „Лазар Димитров“ е во финална фаза, претстои поставување на сообраќајната сигнализација, но ние не застануваме тука. Продолжуваме со силно темпо. Моментално се работи и на улицата „Речиште“ во Драчево, како и на многу други локации ширум општината .

Министерот Николоски, истакна дека вкупните инвестиции во Кисела Вода преку Министерството изнесуваат околу 6,5 милиони евра. Тој потенцираше дека ова претставува значајна развојна поддршка, која одлично се надополнува со средствата од општинскиот буџет.

-Денес сме во Општина Кисела Вода и заедно со градоначалничката ќе направиме увид во веќе завршените проекти. Ќе посетиме и проекти кои се во тек на реализација, а ќе разговараме и за новите планирани зафати. Еднаква грижа водиме за развојот на општините затоа што мораме да имаме балансиран развој. Во таа насока, само преку Министерството за транспорт во Општина Кисела Вода се реализираат проекти вредни 386 милиони денари, односно околу 6,5 милиони евра. Ова е сериозна финансиска поддршка која одлично се надоврзува на општинскиот буџет. Стоиме на улицата „Лазар Димитров“, а би сакал да нагласам дека во изминатиот период се завршени уште пет други улици. Вкупно земено, имаме околу 20 активни проекти, чие набројување би одзело навистина многу време. Она што е најважно да се порача е дека нашата поддршка за општината продолжува. Градоначалничката има јасна визија и стручен тим за развој на Кисела Вода, па уверен сум дека преку ваква заедничка поддршка од Владата, Министерството за транспорт и Градот, во иднина ќе оствариме уште поголеми резултати- изјави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Дополнително на денешниот увид, министерот Александар Николоски соопшти дека Министерството за транспорт целосно ќе го преземе проектот за стабилизација и санација на свлечиштето на патот кон населбата Теферич. Истакна дека станува збор за комплексен проблем и сериозно свлечиште чие санирање бара финансии и капацитети што ги надминуваат можностите на Општина Кисела Вода и на Град Скопје. Токму поради ова, по направените консултации и координација со локалните власти, на седница на Владата е донесена одлука Министерството директно да ја преземе реализацијата на овој инфраструктурен зафат.

-Во однос на патот кон Теферич, тоа е голем, сериозен проблем. Се работи за сериозно свлечиште. Гледате дека со автопатот Охрид-Кичево веќе стекнавме такво искуство. Само, проблематиката е далеку поголема од можностите коишто ги имаат Општина Кисела Вода и Град Скопје. Затоа премиерот Мицкоски реализираше една координација меѓу нас, Општината и Градот, и овој вторник на седница на Влада донесовме одлука со којашто целокупниот проект го презема Министерството за транспорт. Веќе имаме изработено проект за стабилизација и санација, и очекувам во најскоро време да излезе тендерот за избор на изведувач, по што некаде за еден месец ќе можеме да работиме на санација и пред почетокот на зимата таа санација да биде завршена. Така што, целокупната проблематика ја презема Владата преку Министерството за транспорт – изјави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Споделете:

Scroll to Top
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betgaranti
kolaybet
betpark
Vdcasino
vdcasino
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
hititbet
vdcasino
betpark
betpark
betpark
betpark
hititbet
hititbet
grandpashabet
grandpashabet
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
hitbet
betplay
betplay
vdcasino giriş
vdcasino
hititbet
vdcasino
grandpashabet
vdcasino
grandpashabet
vdcasino
vdcasino
betpark
grandpashabet
grandpashabet
vdcasino
vdcasino
vdcasino
hititbet giriş
hititbet giriş
vdcasino
vdcasino
vdcasino giriş
betpark
vdcasino
jojobet
betpark
betpark
betnano
bettilt
grandpashabet giriş
bettilt
bettilt
betturkey
imajbet
betturkey
norabahis
süpertotobet
imajbet
betnano
betnano
betnano
betturkey
betturkey
betturkey
norabahis
norabahis
imajbet
imajbet
betpark
betpark
vdcasino
bettilt
imajbet
imajbet
bettilt
bettilt
bettilt
bettilt
bettilt
vdcasino
vdcasino
vdcasino
vdcasino
vdcasino