Во рамки на Шпаркасе прва лига жени (трето коло), ЖКК Бадел 1862 по победата од 84:80 над екипата на Баскет Кам се искачи на врвот на табелата. Ова е трета победа по ред на кошаркарките на клубот од Кисела Вода. Во моментов, првото место на табелата баделки го делат со вардарки.На женското кошаркарско дерби, со 36 поени и 14 скока најмногу се истакна американката Линдзи Клири, која е прогласена за МВП на третото коло. По неа, на теренот одлична игра покажаа и Николов (22 поени, 7 скока и 5 асистенции), Петрушевска (12 поени, 7 скока и 5 асистенции), Бошкова (9 поени), Лазаревска (3 поени) и Фриман (2 поени).Натпреварот се одигра на 31.10.2026 во спортската сала Независна Македонија, лоцирана во дворот на ООУ Невена Георгиева – Дуња.




