Општина Кисела Вода ги известува граѓаните дека Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини го продолжи рокот за поднесување барања за финансиска поддршка за снабдување со природен гас во домаќинствата до 31 октомври 2026 година.
Со оваа мерка се обезбедува поврат на средства во висина до 70%, но не повеќе од 30.000,00 денари по домаќинство за 2026 година, за:
-куќен приклучок на системот за дистрибуција на природен гас, или
-набавка на котел на природен гас.
Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани навремено да ги поднесат своите барања, согласно условите утврдени во јавниот оглас.
Повеќе информации за условите, потребната докумантација и начинот на аплицирање се достапни на веб страницата на Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини на следниот линк



