По повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска заедно со делегација од Општина Кисела Вода, денес свечено положи цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.
-Денес се потсетуваме на херојството и жртвата на борците кои пред 82 години го донесоа слободниот дух во Скопје. Наша трајна обврска е да ја чуваме слободата, да им оддадеме почит на паднатите борци за слободата на градот и со посветена работа да продолжиме да го градиме Скопје како современо, убаво и безбедно место за живеење за сите генерации. Нека е честит 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје!– изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.








