Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ се одржа премиерната изведба на претставата „Кражба на деценијата“. Настанот беше реализиран во организација на Детскиот алтернативен театар „Мали а Големи“, во соработка и поддршка на Општина Кисела Вода.
Овој театарски настан беше со хуманитарна димензија. Приходот од продажбата на влезниците се намени како поддршка за Клубот за лица со посебни потреби, со цел подобрување на нивните услови, секојдневни активности и инклузија во заедницата.
Општина Кисела Вода продолжува со поддршката на детското творештво, културниот развој и проектите кои вистински придонесуваат за подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани.


