Search
Close this search box.

Кисела Вода со целодневна програма го одбележува својот патронат-ЃурѓовденЃорѓиевски: За почисто Скопје – го чистиме и Скопскиот Аквадукт во рамки на акцијата ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД ’25!

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со претседателот на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова, вицепремиерот Изет Меџити, Потпретседателот на ЗЕЛС Висар Ганиу, Амбасадорот на Австрија Мартин Памер, министерката за образование Весна Јаневска и стотици волонтери денес беа дел од отворањето на GENERALKA WEEKEND 25, кое се одвива кај Скопскиот Аквадукт.

Оваа тридневна еколошка акција „Генералка викенд“ ја организира ,,МЕН ЕНД МАУНТЕН” во партнерство со горенаведените институции, а соработка со повеќе општествено одговорни компаниии, ќе опфати 500 локации ширум целата држава.

–Денес сме овде, кај Скопскиот Аквадукт, за да дадеме поддршка и да спроведеме една мошне важна и значајна иницијатива – GENERALKA WEEKEND 25. Се работи за  национална акција за чистење што ја организира МЕН ЕНД МАУНТЕН и зад која веднаш застанав како Претседател на ЗЕЛС, како градоначалник и како човек на кој му е важна чистата животна средина. Горд сум што денес тука се и претседателот на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова, вицепремиерот Изет Меџити, градоначалникот  Висар Ганиу, Амбасадорот на Австрија Мартин Памер, министерката за образование Весна Јаневска, повеќе јавни личности, активисти и граѓани.  Сметам дека сите треба да дадеме целосна поддршка и уверен сум дека ова не е само еднодневен ангажман, туку симболичен и суштински поттик за системски пристап кон унапредување на хигиената и односот кон животната средина во сите општини.

Особено значење има тоа што денешното отворање се случува токму тука – кај Скопскиот Аквадукт – место со голема историска и културна важност, но истовремено, би рекол и “жртва” на долгогодишна негрижа. Затоа, денешната акција  не е само чистење отпад, туку и  обид за враќање на вредностите и вниманието кон јавниот простор, кој ни припаѓа на сите.

За жал, Скопје никогаш не било во полоша состојба кога станува збор за јавната хигиена. Недостигот од одржување, неорганизираниот пристап и очигледната негрижа доведоа до состојба во која главниот град е полн со отпад, диви депонии и запуштени површини. Градоначалничката на Скопје не ја врши својата работа – и неопходноста од ваквите акции, иако благородни, се сведоштво дека институциите кои треба да се грижат, молчат или не дејствуваат.

Во Кисела Вода, каде што сум градоначалник, за последните 3.5 години се расчистени 157 диви депонии. Акции за чистење организираме редовно, а GENERALKA WEEKEND веќе два пати успешно ја спроведовме. Овој пат настапуваме уште помасовно – денес во нашата општина се чисти на неколку локации, со вклучена општинска администрација , сезонски работници и најмладите, учениците од основните училишта.

Чистата животна средина не е само слика – таа е предуслов за здравје, достоинствен живот и одговорно општество. Ако сакаме почисти улици, поубави паркови, поздрава иднина – мораме сите да бидеме дел од решението. Ваквите настани се важни, но уште поважно е оваа енергија да се пренесе во секојдневието, во секојдневната работа на институциите и во навиките на сите граѓани.

Ова е порака дека општествената одговорност не познава функција или титула– таа е наша заедничка обврска. Нека GENERALKA WEEKEND 25 биде потсетник – дека кога ќе се здружиме, можеме да направиме вистински, опипливи промени. Денес чистиме, но од утре – бараме континуитет, системска грижа и одговорност-изјави претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.

Споделете:

Scroll to Top