Изминатиот продолжен викенд клубовите од општина Кисела Вода забележаа неколку убедливи победи на домашен и на гостински терен.
На 23.10.2026 година, во рамки на државното првенство од младинската лига, кошаркарите М18 на кошаркарскиот клуб „Ангели“ од Кисела Вода на гостински терен со резултат 44:71 убедливо ја победија екипата на „Клубски Делчево“. Истиот ден, на гости, екипата на „Ангели, со резултат 77:81 до 20 години го победи „МЗТ Скопје“. И младинците на „Ангели“ до 18 години на 24.10.2026 година извојуваа победа со огромна резултатска разлика од 76:27 против екипата на „Струмица Ролинг“. Најмладите кошаркари на „Ангели“ до 16 години на домашен терен и покрај одличната игра загубија со мала разлика од 54:58 од екипата на „Вибас Скопје“. На 25.10.2026 година, во рамки на македонската прва лига, „Ангели“ ја совладаа екипата на „Младинец“ со резултат 87:98. Младинците на „Ангели“ до 17 години на домашен терен изгубија од „Пелистер Битола“ со резултат 45:87.
„КК Ангели, оваа сезона се натпреварува во сениорската прва македонска лига, младинската М20, младинската М18 со две екипи и младинската до 16 годишна возраст. Со победата на гостински терен против МЗТ Скопје, во лигата ја забележавме и третата победа во исто толку натпревари. Нашиот тим со ова покажува големи амбиции за оваа сезона во најстарата возрасна младинска лига“ – изјави Благоја Кечовски, тренер на КК „Ангели“
„Во М18 лигата, со победата против КК „Струмица Ролинг“ ја забележавме четвртата победа на четири натпревари по ред. Наша цел е секој натпревар да играме подобра и подинамична кошарка“- кажа тренерот на „Ангели“, Кристијан Рајковски.
Младинците, пионерите и кадетите на РК „Вардар 1961“ од општина Кисела Вода, на 24.10.2026 година се натпреваруваа на домашен терен, во спортската сала „Архиепископ Доситеј“, лоцирана во дворот на основното училиште „Круме Кепески“. Младинците М16 на „Вардар 1961“ ја надиграа екипата на РК „Алкалоид“ со резултат 40:33. И кадетите на „Вардар 1961“ остварија победа над МРК „Куманово“ со резултат 45:39. Пионерите на „Вардар 1961“ загубија со 15:21 од РК „Мулти Есенс“.
На 23.10.2026 година, во спортската сала „Архиепископ Доситеј“, јуниорите на ракометниот клуб „Драчево-јуниор“ на домашен терен одигра со нерешен резултат 34-34 против тимот на „Македонија Ѓорче Петров“. Во истата сала и во ист ден пионерките на ЖРК „Спартак“ од Кисела Вода изгубија од „Илинден Вардар“ со 19:26.
На 24.10.2026 година, во М14 лигата, младинките на „Бадел 1862“ од Кисела Вода, со резултат 52-53 славеа победа на гостински терен над екипата на ЖКК „Гевгелија“. Во рамки на „Шпаркасе прва лига жени“, сениорската кошаркарска екипа на „Бадел 1862“, на 25.10.2026, на гости со резултат 80:88 ја победи екипата на актуелниот шампион „Крива Паланка“. На 26.10.2026, во спортската сала „Независна Македонија“, младинките на „Бадел 1862“ до 18 години, беа тесно поразени со резултат 59:63 од екипата на „Про Баскет“ од Кавадарци.
Резултати од одиграните натпревари:
23.10.2026
Државно првенство младинската лига – кошарка
М18 КК „Клубски Делчево“ – КК „Ангели“ 44:71
М20 КК „МЗТ Скопје“ – КК „Ангели“ 77:81
РК „Драчево-јуниор“ – РК „Македонија Ѓорче Петров“ 34-34
Младинска лига пионери – ракомет
ЖРК „Спартак“ – ЖРК „Илинден Вардар“ 19:26
24.10.2026
М18 КК „Ангели“ – КК „Струмица Ролинг“ 76:27
М16 КК „Ангели“ – КК „Вибас Скопје“ 54:58
ЖОК „Фламинго“ – ЖОК „Наковски“ 3:0
ЖОК „Јанта Волеј“ – ЖОК„Вардар“ 3:2
М14 ЖКК „Гевгелија“ – „Бадел 1862“ 52-53
25.10.2026
Македонската прва лига – кошарка
КК „Младинец“ -КК „Ангели“ 87:98.
М17 КК „Ангели“ – КК „Пелистер Битола“ 45:87
„Шпаркасе прва лига жени“ – кошарка
Сениорки ЖКК „Крива Паланка“ – ЖКК „Бадел 1862“ 80:88
26.10.2026
М18 „Бадел 1862“ – „Про Баскет“ 59:63













