Младите фудбалери од ФК ,,Партизан” продолжуваат да бележат одлични резултати на домашните и меѓународните турнири. По тој повод, тие беа на прием кај градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска. Со нив присуствуваа и претседателот на фудбалскиот клуб, Благоја Арсовски, како и нивните тренери Сашо Димовски и Никола Мисовски.
Генерацијата 2019 година има освоено трето место на меѓународниот турнир „Илинден“, на кој учествуваа силни екипи од Турција, Србија, Белгија, Хрватска и Македонија. Воедно, уште еден успех оствари и генерацијата 2018 година, која го освои второто место на „Кул Куп“.
-Горди сме на нашите млади спортисти кои со својата посветеност, труд и спортски дух ја претставуваат Кисела Вода на најдобар начин. Најважно е децата да продолжат да уживаат во спортот, да се дружат, да учат едни од други и да веруваат во себе. Општина Кисела Вода ќе продолжи да го поддржува младинскиот спорт и нашите најмлади таленти, бидејќи вложувањето во нив е вложување во иднината на нашата општина. Честитки до децата, тренерите и раководството на клубот за овие одлични резултати!- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
















