Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода се справува со штетите од големото невреме

Општина Кисела Вода се справува со последиците од големото невреме кое го зафати ова подрачје. Од вчера, кога започнаа врнежите, на терен се излезени тимови од општината предводени од градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ, кои заедно со екипите на ЈП “Водовод и канализација”, ЈП “Улици и патишта”, ЈП “Комунална Хигиена”, Противпожарната служба, “ЕВН-Македонија”, другите јавни претпријатија во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и Министерството за транспорт и врски, работат на санирање на штетите кои зад себе ги оставија силниот ветер и обилните дождови. Се отстрануваат паднатите дрвја, се санираат оштетените кабли, се одзатнуваат шахти…

 

Кризниот штаб на општина Кисела Вода е активиран и подготвено и активно се следи состојбата околу  временските услови и евентуалните нови врнежи, со цел да се спречат нови штети.

 

Посебно би сакале да се заблагодариме на градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, сите јавни претпријатија, Полициската Станица- Кисела Вода и ЕВН-Македонија кои веднаш одговорија на повикот на општина Кисела Вода за помош при расчистувањето на последиците од  вчерашното големо невреме кое зад себе остави голем број на паднати дрвја, поплавени улици и објекти. 

 

Споделете:

Scroll to Top