Search
Close this search box.

Покана до медиуми

Утре, вторник, 27 мај, во 10:00 часот, во основно училиште “Партенија Зографски”, во општина Кисела Вода, ќе се одржи церемонијата Energy Globe Award 2014 Macedonia, на која ќе му биде доделена награда на советникот од општина Кисела Вода, Славко Митовски за енергетската обнова на ОУ “Партенија Зографски”. На свеченоста збор ќе земат трговското аташе на Република Австрија во Македонија, Герхард Шлатл, градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ и добитникот на наградата Славко Митовски. Настанот е во организација на  Трговското одделение при Австриската Амбасада.

 

Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.

Споделете:

Scroll to Top