Реакција до ТВ Телма

Сакајќи да ја задржиме насоката на транспарентно работење и точно информирање на граѓаните, во прилог ви ја пренесуваме целосната реакција на Општина Кисела Вода до ТВ Телма, по нивното емитување на прилог  во нивните денешни информативни изданија.

Почитувани,

Во интерес на објективното и точно информирање на јавноста, Општина Кисела Вода сака да реагира во врска со прилогот на ТВ Телма, емитуван во вашите денешни Дневници, во врска со улицата “Димо Хаџи Димов”. Имено, и покрај тоа, што на вашите прашања одговоривме детално во писмена форма, информациите кои вашиот новинар Петар Клинчаров, ги пренел се целосно извадени од контекст и во целост не одговараат со фактичката состојба, притоа не цитирајќи ги одредбите од законот.

За почеток, средбата со граѓаните не беше договорена откако, како што велите, цитираме “Откако Телма се обрати до општината со прашања поврзани со новите решенија”. На граѓаните средба им беше понудена ден порано и доколку ги прашате и тие ќе ви потврдат дека ТИЕ побараа одложување поради нивни обврски, па состанокот им беше закажан за вчерашниот ден.

Во однос на останатото изнесено во вашиот прилог, би сакале да ве известиме дека за разлика од паушалните толкувања на граѓаните , општината е институција која е должна да ги спроведува законите. Општина Кисела Вода искрено жали што граѓаните не ги познаваат законите и токму точното нивно информирање беше целта на закажаниот состанок. Токму затоа, бидејќи се работи за градска улица, на состанокот покрај надлежните од општината присуствува и претставници од секторот урбанизам од Градот Скопје, во чија надлежост оваа улица.

Како што ги известивме граѓаните на состанокот, би сакале да ја известиме и целокупната јавност дека сервисна улица ќе се гради само доколку им се обезбеди развој на градежните парцели, односно доколку граѓаните преминат од семејно домување во станбено домување и да имаат приземје, 4 ката и поткровје. Доколку граѓаните бараат да останат во оваа состојба како што се во моментот, без понатамошен развој на градбите, тогаш не е потребно изградба на сервисна улица. Таканаречената, од страна на новинарот “понуда”, не е пазар, туку дословно почитување на законот за дословно почитување на законот за просторно планирање.

Воедно, потребно е да се знае дека од вкупно 24 парцели чии сопственици реагираат, само 9мина се со право на сопственост на истите парцели. Останатите парцели или се во сопственост на РМ или граѓаните само имаат корисничко право.

Со почит,

Општина Кисела Вода

Споделете:

Scroll to Top
kolaybet giriş
betgaranti
bettilt
betgaranti
Kolaybet
bettilt
Kolaybet Giriş
Kolaybet
Kolaybet
Kolaybet Giriş
Kolaybet
Hititbet Giriş
betgaranti
hititbet giriş
hititbet giriş
kolaybet
betnano güncel giriş
betnano güncel giriş
betnano güncel giriş
betnano güncel giriş
matbet
matbet
matbet
matbet
betnano
betnano
Tuzla İpek Kirpik
tuzla cilt bakım merkezi
Tuzla Lenf Drenaj
holiganbet
holiganbet
holiganbet
bettilt
grandpashabet
betpark
betgaranti
betgaranti
betpark
holiganbet
hititbet güncel giriş
hititbet mobil giriş
hititbet yeni giriş
holiganbet
holiganbet
holiganbet
betgaranti
BB Marketing
Teknik Seo
hititbet
grandpashabet
betpark
betpark
betgaranti
betpark
artemisbet
artemisbet
norabahis
norabahis
holiganbet
holiganbet
holiganbet
betgaranti
grandpashabet