Во тек е спроведување на акција за чистење и косење на трим-патеката која поврзува три урбани заедници на територијата на општина Кисела Вода, УЗ Цветан Димов, 11 Октомври-згради и 11 Октомври-Бараки.
Акцијата ја спроведуваат Секторот за урбани и месни заедници при општина Кисела Вода и пунктот на Јавното Претпријатие “Паркови и Зеленило” во општина Кисела Вода. Во акцијата се вклучени вкупно 30 сезонски работници од општината, од кои 10 работат со тримери, како и 10 вработени од ЈП паркови и Зеленило. Акцијата е предвидено да трае од 12.05-14.05.2014 год.
И во иднина, општина Кисела Вода во соработка со Јавното Претпријатие “Паркови и Зеленило” ќе спроведува слични акции на целата територија на oпштината за косење на нараснатите тревни површини кои се резултат на обемните врнежи на дожд во изминатиот период.