Search
Close this search box.

Реконструкцијa и санација на улици во Црниче

Продолжува  реконструкцијата и санација на улици и крпење на ударни дупки на улици лоцирани на територијата на општина Кисела Вода. Екипите на изведувачот на градежни работи, “БАУЕР БГ”- Скопје работат на машинско гребење на ударни дупки,чистење, премачкување со емулзија  и пополнување со асфалтна маса со тип на асфалт АБ-11 и  дебелина од 5 см на улици лоцирани во  У.З„Црниче“.

Во моментот се изведуваат градежни работи на улиците: “Востаничка”, “Неврокопска”, “Чедомир Кантарџиев”. 

По завршување на градежните работи на горенаведените улици ќе се пристапи кон санација на ударни дупки и на други улици лоцирани во У.З„Црниче“, согласно програмата, планот и динамиката за работа на  oпштина Кисела Вода за 2014 г.

Споделете:

Scroll to Top