Спортски спектакл во Кисела Вода: 580 дечиња го означија почетокот на Државното првенство на Плазма Спортските игри за млади

Денеска на Плоштад „Расадник“ во Општина Кисела Вода беше отворено Државното првенство на Плазма Спортските игри за млади. Најдобрите 580 деца од четирите региони во Македонија се натпреваруваа во десет спортски дисцплини: Coca-Cola Cup 2011, мал фудбал, баскет 3х3, ракомет, одбојка и одбојка на песок, атлетика, народна топка, пинг-понг, тенис и шах.
Победниците (вкупно 204 деца) од првото издание на Плазма Спортските игри за млади ќе патуваат на меѓународната завршница, која од 17 до 22 август ќе се одржи во Сплит. Таму нашите „симовци“ ќе имаат можност не само да се натпреваруваат, туку и да се дружат со своите врсници од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Словенија.
Општина Кисела Вода повторно се покажа како одличен домаќин на големи спортски настани. Токму оваа општина ќе влезе во историјата на Плазма Спортските игри за млади во Македонија.
Од Плоштад „Расадник“, 580-те дечиња испратија една порака – спортот е единствената алка што обединува.
Плазма Спортските игри за млади се едно од најголемите аматерски спортски натпреварувања во Европа, со една и единствена цел – бесплатен спорт за секое дете. Токму благодарение на Владата на Република Македонија и премиерот Христијан Мицкоски, СИМ дојде и во нашата земја.
Македонската кошаркарска легенда Владо Илиевски, заедно со еден од најдобрите македонски спортисти, освојувачот на златен и сребрен олимписки медал во борење Шабан Трстена, како и Меланија Гроздановска (фудбал), Катерина Ацевска (џиу-џицу) и Аце Станковски (ракомет), го донесоа пламенот на пријателството и на тој начин го означија стартот на Државното првенство.
Химната на Македонија ја изведе, Бисера Мојаноска од ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, додека пак настап имаше и танцова група: ученици и ученички од ООУ „Братство Единство“ од Охрид.
На свеченото отворање на Државното првенство на присутните им се обрати министерот за спорт, Борко Ристовски, кој истакна дека заедно со Владата на Република Македонија ќе продолжат да ги поддржуваат најмладите.
„Кога пред две години посакавме Плазма Спортските игри за млади да ги донесеме во Македонија, токму ова беше визијата што ја имавме. За ова сонувавме, за ова работевме и сакавме Македонија да стане дел од ова прекрасно спортско семејство.
Мислам дека целта е постигната. Од година во година овој настан ќе расте и ќе се развива, а ќе привлекува сè повеќе деца и млади.
Ние, како Влада и како Министерство, секогаш ќе ги поддржуваме ваквите настани, особено кога во нив се вклучени децата и најмладите. Затоа што не станува збор само за спорт и резултати. Искрено, многу помалку е важно кој победил, а кој загубил.
Најважната вредност на Плазма Спортските игри за млади е тоа што децата учат вистински животни вредности. Учат дека победата не е единственото нешто што е важно, дека и поразите се лекција од која се расте и се станува посилен. Токму тие искуства утре ќе создадат здрави, одговорни и успешни личности, кои ќе придонесуваат за развојот на нашата држава.
Уште еднаш, честитки до организаторите и до Федерацијата на училишен спорт за одличната организација. Ви благодарам на посветеноста и на сè што правите за младите и за спортот во Македонија“, рече министерот за спорт, Борко Ристовски.
Претседателката на Плазма Спортските игри за млади, Елена Мицковска, им посака на децата успешни натпревари и многу насмевки, потенцирајќи ја важноста на спортот.
„Драги деца, не можам да опишам колку сум среќна што денеска во Општина Кисела Вода се одржува Државното финале. Ние сме тука поради вас. Спортот е движечка сила и најголем амбасадор на една држава, а токму младите спортисти го докажуваат тоа. Дружете се, негувајте фер-плеј, еднаквост и толеранција, тоа се вистинските вредности на спортот.
Би сакала да им се заблагодарам на Владата на Република Македонија и на премиерот Христијан Мицкоски, на министерот за спорт Борко Ристовски, како и на нашите спонзори: Пивара Скопје, Плазма, Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг. Благодарение на нив, секое дете може да спортува бесплатно.“
На идните спортски ѕвезди им се обрати и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска.
„Денес Кисела Вода испишува историја како прва скопска општина домаќин на Државното првенство во рамките на Плазма Спортските игри за млади. Горди сме што токму овде ќе се создадат првите македонски претставници кои ќе нè гордеат на меѓународното финале во Сплит.
Симболично, овој настан се одржува пред комплетно реновираната сала „Расадник“, која од руина ја претворивме во репрезентативен спортски храм. Ова е само дел од нашата континуирана мисија. Интензивно инвестираме во изградба на нови и обнова на постојните спортски сали во сите наши училишта, бидејќи спортот е најмоќната алатка за правилен развој на секое дете.
Сакам да упатам искрена благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и до Владата на Република Македонија, како и до Федерацијата на училишен спорт, за нивната посветеност и поддршка, благодарение на кои овие Игри станаа дел од нашата спортска мапа. Нашата порака до децата е јасна: натпреварувајте се, дружете се и уживајте, затоа што вие сте идните шампиони во кои ние веруваме“, истакна градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска.
На младите „симовци“ им се обратија и Снежана Савиќ Димовска, директорка за корпоративни работи и одржливост во Пивара Скопје, и Марина Алавантија Славковска, раководител на Службата за маркетинг, комуникации и партнерства во Шпаркасе Банка.
Во првата сезона во Плазма Спортските игри за млади се натпреваруваа над 26.000 дечиња.
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска ги додели пехарите и медалите во првото издание на Coca Cola Cup 2011 во женска конкуренција во рамките на Плазма Спортските игри за млади.

Победничкиот пехар и зланите медали им припаднаа на „Тигрици“ од Прилеп. Тие во финалето беа подобри од Њу Старс од Кичево.

Третото место им припадна на фудбалерките „Лозово“ од Велес.
Во машка конкуренција првото место и припадна на екипата на Сарај, тимот на Арсенал е втор, додека на третото место заврши „Царина во напад“ од Кратово.

Споделете:

Scroll to Top
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
vdcasino
vdcasino
hititbet
hititbet
vdcasino
vdcasino
hititbet
vdcasino
vdcasino
hititbet
hititbet giriş
hititbet
hititbet
vdcasino
vdcasino
hititbet
hititbet
betpark
betpark
betpark
hititbet
meritbet
norabahis
betpark
vdcasino
vdcasino
timebet
timebet
bettilt
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
kavbet
betpark
bettilt
norabahis
bettilt
bettilt
bettilt
bettilt
betsilin
betsilin
betcio
betcio
meritbet
betpark
betgaranti
betpark
bettilt
norabahis
vdcasino
vdcasino
bettilt
bettilt
vdcasino
holiganbet
vdcasino
vdcasino
vdcasino
vdcasino
betist
betist
betist
betist
vdcasino
vdcasino
betyap
vdcasino
vdcasino
vdcasino
hititbet
hititbet
hititbet
vipslot
vdcasino
bettilt
bettilt
hititbet
maritbet
meritbet
nakitbahis
vdcasino
bettilt
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
maritbet
maritbet
holiganbet
matadorbet
betist
matadorbet
betist
holiganbet
maritbet
norabahis
norabahis
betnano
betnano
betnano
bettilt
meritbet
norabahis
nakitbahis
norabahis
norabahis
norabahis
betgaranti
betgaranti
meritbet
meritbet
alobet
hititbet
bettilt
tarafbet
tarafbet
betpark
tarafbet
betnano
betpark
betpark
betnano
tarafbet
bettilt
betpark
betpark
vaycasino
bettilt
betgoo
betgoo
betsilin
betsilin
betcio
betcio
norabahis
betnano
betnano
ultrabet
ultrabet
norabahis
norabahis
norabahis
norabahis
norabahis
norabahis
norabahis
betkolik
betkolik
realbahis
realbahis
casinoroyal
casinoroyal