Тече анкетата на општина Кисела Вода и Хабитат за подготовка на Регистри за управители на станбените згради и нивните енергетски карактеристики

Колкав е бројот на станови, колку станари има, какви се градежните карактеристики на станбената зграда, какви се нејзините енергетски карактеристики, поседува ли противпожарна заштита? Ова се само дел од прашањата на кои денес одговараше Ѓорѓи Георгиевски, претседател на заедницата на сопственици во 15-катницата на улица “Христо Татарчев” бр. 11.

На прашалникот одговараат и другите управители на станбените згради низ општина Кисела Вода, како дел од проектот за подготовка на Регистар на станбени згради и Регистар на управители, што го спроведуваат општина Кисела Вода и здружението Хабитат, согласно воспоставената соработка која се реализира преку Секторот за локален економски развој на општина Кисела Вода.

-Нашата зграда е еден убав пример за тоа како функционира Законот за домување. Јас сум претседател на заедницата на сопственици од 2009-тата и како што можете да забележите, имаме нови лифтови, поставивме домофони, направивме просторија за чување на велосипедите, поставивме видео надзор, сега размислуваме за можноста за подобрување на енергетската ефикасност на зградата, нешто во што веруваме дека овој проект ќе ни помогне-истакна Ѓорѓи Георгиевски, претседател на заедницата на сопственици во 15-катницата.

Анкетарите кои претходно поминаа обука, освен што ги собираат податоците за станбените згради и управителите, како и за градежните и енергетските карактеристики на зградите, на анкетираните им доделуваат и прирачник за управување со колективни станбени згради во кој се обработени прашања од областа на Законот за домување – формите на управување, куќниот ред, финансиското управување со зградите и други правилници и правни акти кои треба да го подобрат квалитетот на живеењето во станбените згради.

Покрај системската евиденција и подготовката на Регистар на станбени згради и Регистар на управители, проектот кој општина Кисела Вода и здружението Хабитат заеднички го спроведуваат согласно потпишаниот Меморандум за соработка, треба да донесе и подобрување на резиденцијалната енергетска ефикасност во општината и подигнување на јавната свест за значењето на енергетската ефикасност низ целата општина.

 

 

 

 

 

Споделете:

Scroll to Top
bettilt
bettilt
betpark
bettilt
betnano
holiganbet
holiganbet
holiganbet
holiganbet
betnano
betpark
betpark
Betpark
Betpark
betpark
casinolevant
Betpark
betpark
jojobet
jojobet
jojobet
jojobet
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betgaranti
betpark
betgaranti
betgaranti
Runtobet
betkom
imajbet
sahabet
runtobet giriş
runtobet
jetbahis
betpark
betpark
betpark
jokerbet
onwin
candycasino
candycasino
betlike
betlike
casinolevant
casinolevant
norabahis
norabahis
favorisen
betpark
betpark
betpark
betpark
onwin
onwin
sahabet
sahabet
sahabet
sahabet
enjoybet
enjoybet
marsbahis
marsbahis
kolaybet
betgaranti
betlivo
betlivo
betbox
betbox
bettilt
bettilt