Секторот за Месна самоуправа и соработка со невладин сектор при општина Кисела Вода, во изминатиов период превзема активности за косење на нараснатата трева и расчистување на депонии од отпад на целата територија на општината.
Акцијата започна во урбаните заедници 11 Октомври згради и бараки околу комплексот спортски игралишта и трим патеката, потоа продолжи во УЗ Расадник и УЗ Кисела вода околу детските игралишта и паркот Македонија, за истата да продолжи во УЗ Црниче и УЗ Пржино околу скалите кои ги поврзуваат улиците: “Чедомир Кантарџиев”, “Павел Шатев”, “Партение Зографски”, “Рилски Конгрес” и “Пржино” – крак.
Раководителот на Секторот Марјан Стојанчевски информира дека во акцијата се вклучени вкупно 60 сезонски работници од кои 10 работат со тримери поделени во три групи. Акцијатa и понатаму продолжува во УЗ населба Драчево, МЗ село Драчево и МЗ Пинтија на 12,13 и 15 јуни.