Search
Close this search box.

Бројот на легализирани дивоградби во Кисела Вода се искачи на 3823

Oпштина Кисела Вода продолжува со процесот на решавање на децениските проблеми на граѓаните во делот на впишување на правото на сопственост на нивните објекти. Претседателот на Советот Трајче Донев, денес додели уште 50тина решенија, со што, на исто толку семејства од овој дел од градот им е овозможена легална сопственост на нивните домови.

 -За само 20тина дена, општина Кисела Вода ќе одбележи значаен јубилеј. Како Претседател на Советот на општината, заедно со градоначалникот Беличанец-Алексиќ, со задоволство сакаме да нагласиме дека 60тиот роденден ќе го дочекаме како општина која од неславен лидер по бројот на дивоградби, се трансформираше во локална самоуправа која има најдобра динамика на решавање на предметите-истакна Претседателот Донев, уверувајќи ги присутните дека општина Кисела Вода ќе продолжи да работи со несмалена динамика.

Со денешната легализација, бројот на решени предмети се искачи на  3823. Во овој момент бројот на пристигнати барања без геодетски елаборат е 3290. Изработени се и 150 урбанистички согласности, од кои се чека на уплата за 82,за постапката да може да продолжи.

Споделете:

Scroll to Top