Search
Close this search box.

За две години општина Кисела Вода додели 1058 ваучери за новороденчиња

Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, денес додели нови 40тина ваучери со еднократна парична помош за новороденчињата од овој дел на градот.

 -Денешниов настан е дваесет и четврто доделување на ваучери на семејствата од општина Кисела Вода кои имаат принова, или со други зборови, точно две години на новите родители од овој дел на градот им излегуваме во пресрет за оние први потреби кои доаѓаат заедно со новороденчето.

 

Со задоволство можам да кажам дека заклучно со денес, досега имаме доделено вкупно 1058 ваучери, или во новата година од постоењето на општината ни се родиле вкупно 522 нови жители-истакна градоначалникот, наведувајќи дека денешниот настан е еден од низата со кои отпочнува прославата на 60 годишниот јубилеј на општината, кој се одбележува во понеделник.

Додаде дека и во новата година од постоење на општината овој проект од Програмата од социјалната сфера на општина Кисела Вода и е акламативно поддржан од Советот на општината, ќе продолжи и ќе се запази се до истекот на нејиниот мандат.

Споделете:

Scroll to Top