Search
Close this search box.

1200 ваучери за семејствата со принова од општина Кисела Вода

1200 семејства од општина Кисела Вода досега се стекнаа со ваучери за новороденче што секој месец ги доделува општината.

 На денешното јавно доделување градоначалникот Билјана Беличанец Алексиќ, потенцираше дека одлуката да се доделува оваа еднократна помош се спроведува повеќе од две години, а е донесена со цел да им се излезе во пресрет на семејствата за нивните првични потреби кои доаѓаат со новороденчето.

 

 Додаде дека овој проект кој е дел од  Програмата од социјалната сфера на Општина Кисела Вода ќе се запази се до истекот на нејзиниот мандат.

Инаку, денес, беа доделени 39 ваучери за новородени деца. 21 од нив се женски, додека 18 машки деца.

Споделете:

Scroll to Top