Search
Close this search box.

Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи 13-та пленарна седница

Ве известуваме дека тринаесетата пленарна седница на Советот на општина Кисела Вода ќе се одржи на 04.02.2014 год.(вторник)  со почеток во 11:00 часот, со следниот дневен ред:

 

1.Информација за состојбата со криминалитетот и другите недозволени однесувања на подрачјето на ПС од ОН ,,Драчево,, во 2013 година;

2.Предлог-Одлука за именување на претседател и членови на Општински Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата;

3.Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за именување на претставници на Општина Кисела Вода во училишните одбори во основните училишта на подрачјето на Општина Кисела Вода;

4.Давање согласност на Статутот на ЈДГ ,,Весели Цветови,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје;

5.Давање согласност на Правилникот за систематизација на работните места на ЈДГ ,,Весели Цветови,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје;

6.Извештај (Информација) за реализација на Програмата за Енергетска Ефикасност во Општина Кисела Вода во 2013 година;

7.Програма за Енергетска Ефикасност за Општина Кисела Вода 2010-2014 –Акционен план за 2014 година;

 8.Предлог-Одлука за утврдување Предлог Детален урбанистички план за Реон Ј, четврт Ј10, Општина Кисела Вода, Скопје, плански период 2013-2018;

 9.Предлог-Одлука за утврдување Предлог Детален урбанистички план за Реон Ј, четврт Ј13, Општина Кисела Вода, Скопје, плански период 2013-2018;

 10.Советнички прашања  

 

Споделете:

Scroll to Top