Неделава легализирани уште 52 дивоградби

Денес, во големата сала на Општина Кисела Вода, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ, на нови 52 граѓани од општината им додели решенија за легализација на бесправно изградените објекти, со што вкупниот број на легализирани објекти се искачи на 2.393.

 

Во своето обраќање градоначалничката Беличанец-Алексиќ, потсети на мерките што ги воведе општината заради поедноставување на процедурата, кои овозможија на неделно ниво да се издаваат по 40 до 50 нови решенија за легализација. Ја потенцираше и улогата на граѓаните во самиот процес. Со некомплетна документација, односно без елаборат, го доведуваат во прашање легализирањето на објектот, а со новиот рок што со измените го даде Владата,  ќе имаат доволен период за изработка и доставување на геодетските елаборати. Сепак, апелираше да не се чека до последен момент, бидејќи навременото легализирање е од взаемна корист.

“Согласно новите законски измени кои Владата ги донесе по направените анализи и консултации, со цел да им излезе во пресрет на што поголем број на граѓани кои сакаат да стекнат легална сопственост на своите објекти, крајниот рок за доставување на елаборатот е пролонгиран до 31.12.2015. Сепак,  апелираме да не се чека до последен момент за да се докомплетира документацијата. Заокружувањето на процесот на легализацијата е во заеднички интерес. Граѓаните ќе станат сопственици на нивните имоти, а општината ќе може да донесе нови детални урбанистички планови, во кој ќе бидат впишани и новолегализираните објекти, што значи дека и  на граѓаните и бизнис заедницата им даваме шанса за изградба на нови објекти и проширување и реконструкција на постоечките.” -истакна Беличанец-Алексиќ.

 Таа упати апел до сите жители на општината да не го злоупотребуваат процесот на легализација и да градат нелегално во овој вакуум простор, бидејќи ќе се соочат со Општинската градежна инспекција.

Споделете:

Scroll to Top
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
ultrabet
jojobet
jojobet
Betgaranti
Betgaranti
kolaybet
kolaybet
Hititbet 2026
betpark
betpark
betpark
betpark
betgaranti
betpark
betpark
Betgaranti 2026
Hititbet
Betgaranti
casinolevant
betpark
betpark
betpark
betgaranti
kavbet
kavbet
betpark
casinolevant
casinolevant
Betgaranti
betpark
betpark
Kolaybet
betgaranti
betpark
xslot
xslot