Општинската Изборна Комисија им ги додели уверенијата на новоизбраната градоначалничка Бети Стаменкоска Трајкоска и на 27-те членови на новиот состав на Советот на Општината, избрани во првиот круг на локалните избори, одржани на 19 октомври.

Зголемениот број советници во овој состав е резултат на растот на бројот на жители во општината, согласно законските одредби за локалната самоуправа. Во новиот советнички состав, 17 советници се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 5 од Левица, 4 од СДСМ и 1 од партијата ЗНАМ. Советот брои 17 мажи и 10 жени, претставници на различни професии и генерации. Во нареднот период ќе биде закажана конститутивната седница на Советот, на која ќе се избере претседател и официјално ќе започне новото четиригодишно поглавје во развојот на општината.

Членови на Советот на Општина Кисела Вода, со мандат 2025 – 2029 година се:
ВМРО – ДПМНЕ И КОАЛИЦИОНИ ПАРТНЕРИ
1. Светлана Колариќ
2. Николче Николовски
3. Сашо Андонов
4. Елизабета Брсакоска-Георгиевскa
5. Антонио Десковски
6. Петар Младеновски
7. Зорица Огненовска
8. Билјана Стојановска
9. Бојан Димковски
10. Златко Костадиновски
11. Марија Атанасова
12. Бранислав Зукиќ
13. Драган Василевски
14. Љубиша Спасовски
15. Мануелка Ивановска
16. Христос Папули
17. Пецо Долевски
ЛЕВИЦА
18. Донче Мишовски
19. Петар Здравевски
20. Маја Дургутова
21. Љубиша Петровски
22. Давид Бошковски
СДСМ
23. Даниела Настова Пиштолова
24. Роза Андова
25. Владимир Грујовски
26. Зорица Коцева
ДВИЖЕЊЕ ЗНАМ
27. Сашо Петровски



