Врз основа на член 36 став 1 точка 2 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на Р.М.”бр.5/2002), член 28 став 1 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа (“Службен весник на Р.М.”бр. 61/2004 и 96/2004) и член 34 од Статутот на Општина Кисела Вода (“Службен гласник на Град Скопје бр. 08/05), Советот на Општина Кисела Вода на Шеснаесетата седница одржана на 29.12. 2005 година, донесе
Б У Џ Е Т
на Општина Кисела Вода за 2006 година
Член 1
Буџетот на Општина Кисела Вода за 2006 година се состои од:
Вкупни приходи и тоа: 292.867.931,00 денари
– тековно-оперативни приходи 188.333.000,00 денари;
– трансфери 31.267.000,00 денари
– наменски дотации 27.368.001,00 денари;
– самофинансирачки активности 45.899.930,00 денари;
Вкупни расходи и тоа 292.867.931,00 денари
– утврдени намени 291.367.931,00 денари;
– резерви 1.500.000,00 денари;
Член 2
Приходите по извори и видови на приходи и расходите по основни намени и програми се утврдени во консолидираниот биланс на приходите и расходите, билансот на тековно-оперативни расходи и билансот на капитални расходи на Општина Кисела Вода за 2006 година и тоа како што следува:
Член 3
Буџетот на Општина Кисела Вода за 2006 година влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен гласник на Град Скопје”, а ќе се применува од 1 Јануари 2006 година.
Број 07-4780/2
29 декември 2005 гоидна
С к о п ј е