Search
Close this search box.

Се организираше традиционалната културна манифестација „Пушкинови Денови 2013“

Општина Кисела Вода, годинава по петти пат  ја организираше традиционалната културна манифестација „Пушкинови Денови 2013“, Одбележувањето на 214 години од раѓањето на светски познатиот поет Александар Сергеевич Пушкин.

Манифестацијата се одржа на 06.06.2013 година (четврток) со почеток во 20:00 часот, во паркот „Пушкин“, Кисела Вода, со положување на свежо цвеќе од страна на Градоначалникот на Општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ, делегација на Амасадата на Руската федерација, како и претставници на невладини организации од Општина Кисела вода.
Со поздравен говор во чест на големиот руски поет, на присутните им се обрати Градоначалникот на Општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ.
Свое обраќање имаше и советникот во Амасадата на Руската федерација во Република Македонија Константин Берсењов.
Потоа настапи женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“, со православна музика, и музика од македонскиот и рускиот фолклор, по што следеше поетско читање на руска класична литература од страна на студентите на катедрата за руски јазик од Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ од Скопје.

Споделете:

Scroll to Top