На последниот ден од 2014та, во Големата сала на општина Кисела Вода, градоначалникот Билјана Беличанец Алексиќ, заедно со советниците од општината, додели нови 50 решенија за легализација на дивоградбите.
–Денес, кога сите ги сумираме впечатоците од годината што што ја оставаме зад себе, кога правејќи ги последните подговки да ја испратиме, го евалуираме постигнатото, вие, тука присутните, имате посебен повод за славење. Во Новата 2015та влегувате сообјект кој е вистински ваш, не само емотивно, како што досега го чувствувавте и во кој престојувавте, туку како здание кое вистински ви припаѓа вам – правно, легално.
Овие 50 решенија кои денеска ќе ви ги доделам, значат многу и за општина Кисела Вода, бидејќи заедно со нив, го достигнавме бројот од 3354 легализирани дивоградби, што значи уште еден заеднички чекор напред кон рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот и создавање услови за хумано живеење и работа. Чекор напред кон вистински развој на општина Кисела Вода-истакна градоначалникот Беличанец-Алексиќ.
Честитајќи им ја Новата Година, таа најави дека активностите во поглед на континуитетот на легализација на дивоградбите ќе продолжат со несмалена динамика и ги повика главните чинители во овој процес-имателите на нелегалните објекти, да не го чекаат крајниот рок за да ја достават потребната документација.