Search
Close this search box.

Советот на општина Кисела Вода ќе ја одржи 27-та пленарна седница

 Ве известуваме дека Дваесет  и седмата  пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 2.04.2015 година (четврток) со почеток во 11,00 часот со следниот дневен ред:

  

 

   -Усвојување на Записникот од 26-та седница

 1. Годишна информација за 2014 година на Полициска станица од општа надлежност ,,Кисела Вода,,;

 2.Давање согласност на Статутот за измена и дополнување на Статутот на Јавната детска градинка ,,8 Март,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје;

 3.Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за именување  на претставници на Општина Кисела Вода во училишните одбори во основните училишта на подрачјето на Општина Кисела Вода;

4.Предлог-Одлука за ослободување на инвеститорот од плаќање надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на објектот на ОУ ,,Невена Георгиева Дуња,, во Општина Кисела Вода;

5.Предлог-Одлука за утврдување правен статус на бесправен објект изграден на КП број 3419/3 КО Кисела Вода 1 за кој може да се изврши вклопување на објект во урбанистичко планска документација;

6.Предлог-Одлука за распишување на Конкурс за избор на идејни решенија за грб и знаме и формирање на Комисија за спроведување на постапката за избор на грб и знаме на Општина Кисела Вода;

 7.Предлог-Програма за измена и дополнение на Програмата (К4) културни манифестации и творештво за 2015 година – Спроведување Конкурс за избор на идејно решение за грб и знаме на Општина Кисела Вода;

 8.Предлог-Програма за измена и дополнение на Програмата (К4) културни манифестации и творештво за 2015 година – Спроведување Конкурс за избор на Поздравна песна со мотиви од Општина Кисела Вода;

  9.Советнички прашања.

 Седницата ќе се одржи во Големата сала во барака 7. 

 

Споделете:

Scroll to Top