Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода легализираше нови 50 дивоградби

Нови 50 решенија за легализирани објекти во општина Кисела Вода, денес додели градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ.

 

Пред присутните во Големата Сала, истакнувајќи ја важноста на процесот на легализација, таа ја истакна бројката од досега 3204 завршени предмети и упати апел до сите лица кои имаат нелагално изграден објект да ја достават комплетната документација до административните служби, со што легализирањето би можело да се реализира.

– И затоа и овој пат ќе си дозволам јавно да ги повикам сите граѓани кои немаат изготвено геодетски елаборат, а се работи за 3692 лица, да го сторат истото во најкраток можен рок, бидејќи со некомплетна документација, односно без елаборат го доведуваат во прашање легализирањето на објектот.

Воедно, изготвени се 102 урбанистички согласности од кои, за 79 се чека на уплата за процедурата да може да продолжи и процесот на легализација да може да се заокружи-подвлече градоначалникот Беличанец-Алексиќ.

 

На крајот,таа уште еднаш нагласи дека нелегалното градење во овој вакуум простор е строго забрането и дека секој објект без легални документи за градба кој ќе  биде забележан од страна на инспекторите од општинската градежна инспекција веднаш ќе биде срушен.

Споделете:

Scroll to Top