Вашето дело е од голема важност за државата, за градот Скопје, но голема е заслугата што ја имате за афирмацијата и развитокот на општина Кисела Вода-истакна денес Претседателот на Совет на општина Кисела Вода Трајче Донев, на приемот за годинешните добитници на 13-то Номевриската награда кои се жители на оваа општина.
На Бранислав Давидовски, Симеон Беличанец кои град Скопје, респективно, ги награди за значајни достигнувања од областа на спортот и културата и публицистиката, како и на најмладиот добитник на 13 ноемвриската награда, која се доделува за ученици и студенти, Вејчеслав Поповски, општина Кисела Вода им додели благодарници.
-Општина Кисела Вода може да се пофали дека има голем број на истакнати личности кои ја добиле оваа награда, но ова е првпат, во иста година, дури тројца од наградените да бидат од оваа општина. Тое е факт на кој, ние, како локална самоуправа, смее многу горди и задоволни-истакна претседателот Донев.
Во опуштена и релаксирана атмосфера, наградените евоцираа спомени од својата долгогодишна кариера исполнета со многу случувања, значајни моменти и за нив и за целата држава, се потсетија и на многу стресни, но и многу забавни мигови кои се случувале далеку од јавноста, а биле значајна карика од сето она кое стои зад нив како професионален ангажман. Бранислав Давидовски со возбуда ги опишуваше натпреварите од кој бил дел како спортист и спортски новинар, а со присутните сподели и интересни моменти од патувањата надвор од државата.
Симеон Беличанец чиј глас со децении беше и остана да биде симбол на Радио Скопје но и на најдобрите уметнички интерпретации на делови од романи, песни, филозофски мисли, раскажуваше за своите настапи и жарот со кој секогаш застанува зад микрофонот. Запрашани од страна на претседателот на советот Донев дали кога би имале можност да почнат се одново, би смениле нешто, едногласно одговорија дека не би направиле ништо поинаку. Најмладиот Вејчеслав, кој е ученик во 9то одделение, е прогласен за најголем музички талент на неколку континенти, зборуваше за своите достигнувања и идните планови, сега, кога е пред изборот на средното училиште.
Заеднички, потенцираа дека иако во своето портфолио имаат многу награди, благодарницата што ја добиваат од општина Кисела Вода, за нив, е можеби и најзначајната досега.