Search
Close this search box.

Нови 35 решенија за легализација на дивоградби во Кисела Вода

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, денеска на 35 граѓани им ги врачи решенијата    за легализација на дивоградбите, со што бројката на вкупно решени предмети за легализација достигна 1600 предмети.

Од вкупно регистрираните 11.871 дивоградба за кои е поднесено барање за легализација во Општина Кисела Вода, 5130 предмети се во административна постапка, а исто толку се и со нецелосна документација (најчесто недостасува Геодетски елаборат). Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ информираше дека 22 предмети се препратени во надлежност на други општини, 15 предмети се примени од други општини, а 4 предмети се одбиени.

-“Имајќи во предвид дека половина од предметите се некомплетни, апелирам до граѓаните кои сеуште не ја комплетирале целосно потребната документација, тоа да го сторат што поскоро, како би можеле во најкраток можен рок да ги легализираат своите дивоградби, а процесот на легализација да заврши во законски утврдениот рок.”- потенцираше Беличанец – Алексиќ.

Истовремено, таа ги потсети сите правни и физички лица на кои им е изготвена Урбанистичката согласност, во најкраток можен рок да го платат надоместокот, за да може да се продолжи постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите.

 

Споделете:

Scroll to Top